Хаос на патиштата утрово: Снег, магла и поплавен пат во Македонија

Надлежните служби апелираат возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината и редовно да се информираат за состојбата на патиштата.

Поради тешки временски услови, патниот правец Удово – Валандово е целосно затворен за сообраќај од утрово во 05:25 часот, откако Калковска Река се излеа на коловозот, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на оваа делница е прекинат, а возилата се пренасочуваат по алтернативниот пат преку селото Марвинци.

Студеното и нестабилно време значително ја влошува состојбата на патиштата низ земјава. Магла со видливост до само 100 метри има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, што создава опасни услови за возење, особено во раните утрински часови.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни и студени коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег, иако дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и интервенираат.

Ладно утро низ Македонија

Утрото во Македонија е претежно облачно и студено, со локално провејување на слаб снег, особено во повисоките населени места и планинските предели. Температурите на повеќе места се под нулата, што дополнително го зголемува ризикот од замрзнување и лизгање на коловозите.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Надлежните служби апелираат возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината и редовно да се информираат за состојбата на патиштата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни