Снег падна низ цела Грција, јавува „Прототема“. Поради интензивните снежни врнежи, на острови како Крит, поголемиот дел од сообраќајот е целосно прекинат.
Во текот на изминатата ноќ снег наврна на полуостровот Халкидики, како и на островите Лимнос, Лезбос, Хиос, Споради, како и на Евбеја и Крит. Наставата во многу училишта е исто така откажана и, каде што е можно, се одвива онлајн.