Обилните снежни врнежи предизвикаа големи проблеми во Република Српска, каде што илјадници жители останаа без струја во повеќе општини. Проблеми има во Бања Лука и околните села, како и во Прњавор, Челинац, Кнежево, Мркоњиќ Град, Шипово и неколку помали рурални општини, соопшти енергетската компанија „Електрокрајина“.
Стотици дефекти – делумно санирани, но состојбата останува сериозна
Од компанијата наведуваат дека поголем број дефекти биле отстранети во текот на денот, но ситуацијата останува „сложена“, пренесе РТРС.
Екипите на „Електрокрајина“ интензивно работеле на среднонапонската мрежа и успеале да воспостават снабдување со електрична енергија во делови од приградските и руралните подрачја околу Бања Лука.
Струја е повторно воспоставена кон: Карановац, Рекавице, Голем дел од Крупа на Врбас, Агино Село и Бочац и околните села.
Неколку зони повторно со напојување, но десетици населби остануваат во темница
Во вечерните часови биле повторно пуштени во работа и далеководите кон: Сарачица, Павловац и Чокори.
Сепак, без струја сѐ уште се: Горна Пискавица, Глигориќи и Јошикова Вода
Во текот на ноќта без напојување се и повеќе села на потегот кон општина Кнежево, меѓу кои: Бувкалек, Донја Кола, Кола, Голеши, Перан , Локвари и Стричиќи.
Поголеми делови од подрачјето на Бронзан Мајдан, Пискавица и Поткозарје исто така се без електрична енергија.
Како и во низа мали и рурални општини со слаба инфраструктура, каде снежните врнежи предизвикале паднати гранки, оштетени столбови и недостапни делници.
Проблеми има и во шумските предели на Подгрмеч и Поткозарје, каде пристапот за екипите е најтежок.
