Снегот го парализираше аеродромот во Франкфурт, привремено запрени летовите

Обилни снежни врнежи доведоа до едночасовен прекин на сообраќајот на најголемиот германски аеродром, со откажани и пренасочени летови.

Најголемиот германски аеродром во Франкфурт денеска привремено ги запре сите летови поради обилни снежни врнежи кои ги покрија пистите. Прекинот траеше повеќе од еден час, а последиците се почувствуваа низ целиот воздушен сообраќај во регионот.

Според соопштението на операторот Fraport AG, операциите биле запрени околу 15 часот по локално време, кога поради насобраниот снег не било можно ниту полетување ниту слетување на авионите. Сообраќајот повторно бил воспоставен околу 16.15 часот.

Фрапорт информира дека најмалку 67 од вкупно 922 планирани летови за денот биле откажани, додека десетина авиони биле пренасочени кон аеродромот во Штутгарт. И по повторното отворање на пистите, операторот предупреди дека се можни дополнителни доцнења.

Патниците беа повикани редовно да го проверуваат статусот на своите летови директно кај авиокомпаниите, поради можни промени во распоредот.

Зимските временски услови и снежните врнежи често предизвикуваат сериозни нарушувања во авио-сообраќајот во Германија, а аеродромот во Франкфурт, како еден од најфреквентните во Европа, особено е чувствителен на вакви прекини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни