Експертот за здрава исрахан, д-р Џоан Сабате смета дека појадокот е можност за да ги внесете најпотребните хранливи состојки кои ќе ви помогнат во долговечноста.
Тој е ценет експерт и беше избран да ги развие федералните препораки за исхрана кои сега се користат низ САД. Сабате вели дека појадокот не треба да одзема време или да биде скапо уживање.
Тој живее во „Сината зона“ за долговечност во Америка, каде здравата исхрана е олеснета со мешавина на религиозни навики и локални регулативи кои поддржуваат доследна исхрана и рутини за вежбање.
Сабате има неколку трикови за подготовка на смуди за појадок кое не одзема многу време, но има доста хранливи состојки. Неговите „овошни шејкови“, како што ги нарекува, вклучуваат остатоци од храна, плус протеини и здрави масти кои му даваат енергија за денот. Тој вели дека тоа е едноставен појадок, кој не вклучува ултра-процесирана храна.

Рецептите за појадокот се менуваат во согласност со годишното време и кое овошје е во сезона. Но секогаш има две клучни состојки – останато овошје (најчесто тоа што е пред скапување) и две шаки јаткасти плодови.
Тој најчесто користи ореви, плод кој е омилен на повеќето експерти за долговечност, бидејќи се богати со масни киселини кои се добри за вашиот мозок и срце. Тој, исто така, има тенденција да вклучи малку свежо исцеден сок од портокал за да ја добие смесата како што треба.
„Ова е најлесен начин да изедете многу овојшје и две порции јаткасти плодови“ вели Сабате, кој додава дека подоцна во текот на денот ќе јаде зеленчук, интегрални житарки и мешунки, како грав, што е основната храна во „Сината зона“.
Сабате својата стратегија ја поткрепува со наука, бидјеќи беше пионер со децении на клинички истражувања кои демонстрираа како јаткастите плодови можат да го подобрат здравјето на човечкото срце и истражува како јаткастите плодови можат да ги олеснат и другите хронични проблеми, вклучително и воспалението и когнитивниот пад што често доаѓа со стареењето.
Тој е исто така свесен дека овошјата имаат многу хранливи материи кои го поддржуваат здравото стареење. Истражувањата покажуваат дека редовното јадење бобинки може да помогне во борбата против когнитивното стареење.
Според него бенефитите од јадењето овошје се многу посилни отколку тоа што го пишува на задните страници на кутиите со храна.

„Ние не јадеме макронутриенти. Ние јадеме храна, а храната носи со себе многу други хранливи материи“ вели тој.
Јаткастите плодови содржат во себе здрави масти и добра доза на протеин.
„Покрај тоа, тие имаат минерали, витамини и фотохемиклаии“ додава Сабате.
Понекогаш на своите смудиња, Сабате и неговата сопруга додаваат и јогурт, за дополнителен калциум, но никогаш не ставаат протеин во прав, суплименти или витамини. Тој е убеден дека може да ги добие потребните нутриенти јадејќи храна богата со протеини, полна со влакна и други здрави хранливи вредности.
Извор: Business Insider