Ураганот Мелиса одзеде 25 животи во Хаити.
Со ветрови до 190 км/ч ураганот Мелиса ја погоди Куба. Метеоролозите овој ураган го опишуваат како „екстремно опасен“ од категорија 3.
Дваесет и пет лица загинаа во Хаити поради излевање на водите од блиската река поплавувајќи ги нивните домови, соопштија официјални лица.
Предвидувањата се дека бурата, ќе ги погоди Бахамите, островите Туркс и Кајкос, а потоа и Бермудите, објави FOX Weather.
Еден ден претходно, во вторник, Мелиса ја опустоши Јамајка како ураган од петта категорија, оставајќи околу 500.000 луѓе без струја, додека експертите ја нарекоа оваа бура „бура на векот“. Масивните поплави предизвикани од ураганот Мелиса убија 25 луѓе кога го погоди Хаити во вторник, изјави локален градоначалник.
Повеќе од дваесетина луѓе загинаа откако реката Ла Диг ги поплави домовите во нејзина близина, изјави за Асошиејтед прес Жан Бертран Субрем, градоначалник на јужниот хаитски крајбрежен град Пети-Гов.
Ураганот кој уште го нарекуваат и „Бурата на векот“ во Јамајка, корнеше врати и покриви од куќите, превртуваше автомобили и корнеше дрвја. Половина милион луѓе кои живеат на стровот останаа без струја.
Националниот центар за урагани (NHC) соопшти дека животно загрозувачките бури, кои предизвикаа ненадејните поплави и лизгањата на земјиштето, продолжиле , соопшти Националниот центар за урагани (NHC), со што ги предупреди жителите да „останат на безбедно“.