Смртоносни вируси детектирани во повеќе од 15 земји

Соевите на мајмунски сипаници, марбуршки и оропуш вируси се забележани во 17 земји, вклучувајќи ги и Карибите, каде што, според Daily Mail, е жариштето на вирусот. Здравствените власти се особено загрижени за растечкиот број на случаи на заразени со марбуршки вирус, еден од најсмртоносните патогени некогаш откриени


Британците денеска беа предупредени на “тројна закана” од смртоносни вируси кои се проширија на повеќе од 15 земји ширум светот.
Соевите на мајмунски сипаници, марбуршки и оропуш вируси се забележани во 17 земји, вклучувајќи ги и Карибите, каде што, според Daily Mail, е жариштето на вирусот. Здравствените власти се особено загрижени за растечкиот број на случаи на заразени со марбуршки вирус, еден од најсмртоносните патогени некогаш откриени.

Овој вирус веќе убил 15 лица во Руанда, а стотици луѓе се следат по оправдано сомнение дека се заразени со вирусот. Стравувањата се дека вирусот, кој кај заболените предизвикува крварење од очите, би можел да се прошири и на други африкански земји.

СЗО предупреди и редок сој на мајмунски сипаници кој полесно и побрзо се шири.
Оропуш вирусот, наречен и “грозница ленивоста”, во меѓувреме се проширил надвор од своето вообичаено јужноамериканско подрачје до зимската дестинација Карибите, Доминиканската Република. Сојот на мајмунски сипаници нагло се шири низ Африка, а се регистрирани случаи и во Канада, Велика Британија и Шведска.

Марбург е хеморагична треска, која ги оштетува органите и крвните садови, што доведува до внатрешно крварење или крварење од очите, устата и ушите. Вирусот, за кој не постои официјална вакцина, може да се шири со допирање или ракување со телесни течности на заразена личност, контаминирани предмети или заразени диви животни.Заразените пациенти стануваат “слични на духови”, често имаат длабоко поставени очи и безизразни лица.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека има коефициент на смртност (CFR) до 88 проценти, што значи дека може да убие скоро 9 од 10 луѓе кои ќе ги зарази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни