Смртоносни поплави по обилни дождови и снег: Авганистан повторно погоден од катастрофа

Обилни дождови и снег предизвикаа разорни поплави во Авганистан, при што загинаа најмалку 17 лица. Илјадници семејства се погодени, а хуманитарната криза се продлабочува

Првите обилни сезонски дождови и снег ја прекинаа долгата суша во Авганистан, но истовремено предизвикаа бујични поплави во кои загинаа најмалку 17 лица, а 11 се повредени. Информацијата вчера ја потврди портпаролот на Националната управа за управување со катастрофи, пренесува AP News.

Меѓу жртвите има и петчлено семејство, вклучувајќи две деца, кое загинало во четвртокот во округот Кабкан, во провинцијата Херат, откако се урнал покривот на нивната куќа, изјави Мохамад Јусуф Саиди, портпарол на гувернерот на Херат.

Илјадници семејства погодени

Поголемиот дел од жртвите се регистрирани од понеделникот наваму во областите погодени од поплавите. Според Мохамад Јусуф Хамад, портпарол на авганистанската Национална управа за управување со катастрофи, тешките временски услови го нарушиле секојдневниот живот во централните, северните, јужните и западните региони на земјата.

Хамад додаде дека поплавите оштетиле инфраструктура, усмидиле добиток и погодиле околу 1.800 семејства, дополнително влошувајќи ги условите во веќе ранливите урбани и рурални заедници. Тој наведе дека агенцијата испратила тимови за проценка во најтешко погодените подрачја за да се утврдат понатамошните потреби.

Чести катастрофи

Авганистан, како и соседните Пакистан и Индија, е исклучително ранлив на екстремни временски непогоди, особено на бујични поплави што следат по сезонските дождови. Децении војни, лоша инфраструктура, уништување на шумите и сè поизразеното влијание на климатските промени ги засилуваат последиците од ваквите катастрофи, особено во оддалечените области каде многу куќи се изградени од кал и нудат слаба заштита.

Обединетите нации и другите хуманитарни организации оваа недела предупредија дека се очекува Авганистан и во 2026 година да остане една од најголемите хуманитарни кризи во светот. ОН и нивните партнери во вторникот упатија апел за собирање 1,7 милијарди долари за помош на речиси 18 милиони луѓе во земјата на кои итно им е потребна поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни