Смртониот вирус Марбург не се смирува: Потврден е во уште една земја

Вирусната хеморагична треска има смртност од дури 88 проценти, а ја предизвикува вирус сличен на вирусот на ебола

Претседателката на Танзанија, Самиа Сулуку Хасан, објави дека смртоносниот вирус Марбург се појавил на северозападот на земјата, со еден лабораториски потврден случај до сега.

„Лабораториските тестови спроведени во лабораторијата во Кагера и потврдени подоцна во Дар ес Салаам, идентификувале еден пациент заразен со вирусот Марбург”, изјави Хасан на прес-конференција во Додома, градот во централниот дел на земјата, на која присуствуваше и главниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Претходно, минатата недела, министерот за здравство на Танзанија го негираше тврдењето дека избувнала епидемија во земјата, изјавувајќи дека никој не бил позитивен на вирусот. Но, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека примила доверливи извештаи според кои осум лица починале од можен вирус Марбург во истото подрачје на 10-ти јануари.

Жртвите имале типични симптоми на Марбург, вклучувајќи главоболка, висока температура, болки во грбот, пролив, повраќање крв, слабост на мускулите и надворешно крварење. Вирусната хеморагична треска има смртност од дури 88 проценти, а ја предизвикува вирус сличен на вирусот на ебола. Хасан изјави дека тим за брзо реагирање е испратен во ова подрачје за да ги следи сите сомнителни случаи и да се обиде да ја сузбие епидемијата.

Најмалку 25 сомнителни случаи биле негативни, изјави таа.

Тедрос изјави дека СЗО ќе издвои 3 милиони долари за да ги поддржи напорите за сузбивање на епидемијата во Танзанија. Во 2023 година биле пријавени вкупно девет случаи и шест смртни случаи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни