Смртни закани од верници за писателката Бужаровска оти ја поддржува ЛГБТИ заедницата

Една недела по последната Парада на гордоста во Скопје на која се појавија бројни познати личности од Македонија во знак на поддршка на ЛГБТИ лицата не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи. Македонската писателка Румена Бужаровска со денови е мета на заканувачки и недолични пораки. Сепак потенцира дека тоа што таа го добива како закани од поддржувачите на МПЦ е ништо во споредба со заканите што им се упатуваат на ЛГБТИ активистите.

„Еве зошто напишав дека на улица ќе излезе најмрачното и најгрозното: бидејќи тоа и се. Погледнете какви пораки добивам од поддржувачите на МПЦ со денови. Замислете ЛТБТИ лицата и феминистките да пишуваа вакви одвратни пораки со закани за смрт! Но не, ние сме обвинувани дека не сме ги толерирале овие силеџии. Фашизмот нема зошто да се толерира, патем.
Инаку ова не е ништо во споредба со заканите што ги добиваат ЛГБТИ активистите“, пишува Бужаровска на Фејсбук.

Инаку, под мотото „Гласни и горди“ минатиот викенд, на 24 јуни, во Скопје се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Досега во Скопје се одржале три Паради на Гордоста. Првата се одржа во 2019, а втората во 2021 по паузата поради ковид кризата, а третата лани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни