Смрт за растенијата: Еден инсект уништува сè пред себе – направете го ова и автоматски ќе исчезне

Откријте како да ги препознаете и да ги уништите засекогаш бубачките кои ги уништуваат вашите растенија во домот

Гринови (паукови грини) често се појавуваат на разни растенија – овошки, зеленчук, украсни грмушки, па дури и собни растенија. Додека повеќето надворешни растенија можат да издржат помал број грини, условите во затворен простор често овозможуваат нивно брзо размножување, што може да предизвика сериозни оштетувања на собните растенија.

Како да ги препознаете?

Интересен факт: пауковите грини технички не се инсекти. „Тие се мали членконоги – арахниди, долги во просек околу 0,5 милиметри, па речиси не можат да се видат со голо око,“ објаснува професионалниот ентомолог Трент Фрејзер.

Нивното присуство најчесто се забележува кога на листовите ќе се појави црвеникаво-кафеава мрежичка.

„Ако внимателно погледнете, можеби ќе забележите мали движечки точки во мрежата,“ додава Фрејзер.

Тест: Ставете бел лист под листот на растението и нежно протресете – ако има грини, тие ќе паднат и ќе изгледаат како мали подвижни точки.

За разлика од другите инсекти, пауковите грини се движат бавно и не скокаат.

„Ако ја згмечите со прст, ќе остави светлоцрвена трага – тоа е нејзината крв, знак дека навистина станува збор за паукова гринка,“ објаснува стручњачката Никол Карпентер.

Каква штета прават грипките?

Во мала бројност, тие можат да останат незабележани.

„Почнува со бледи точки на листовите, како да се посипани со прашина или сјајат под светлина – но тоа е само почеток,“ вели Карпентер.

Под лупа ќе видите дека тие точки се всушност испразнети клетки – грини го исцицале хлорофилот.

Во потешки случаи, ќе се појави мрежа која поврзува неколку листови, создавајќи засолниште за колонии, што води до брзо ширење.

Фрејзер предупредува дека со зголемување на бројот на грини, може да дојде до:

  • Промена на боја: Листовите стануваат жолтеникави, со бронзен сјај.
  • Овене: Листовите се сушат и паѓаат.
  • Мрежа: Свиленкаста мрежа на листовите и помеѓу гранките.

Како да се ослободите од инстектите

Испирање со вода: Почнете со силен млаз вода за да ги отстраните грини.

Третман со инсектициден сапун или ним масло. Напрскајте наутро или навечер.

Совет: Ставете платно или најлон под растението за да ги соберете отпаднатите грини и веднаш фрлете ги во затворена кеса.

„Прскајте ја долната страна на листовите. Не во најтоплиот дел од денот – сапунот може да ги оштети чувствителните листови,“ предупредува Тами Сонс, стручњак за растенија.

Повторувајте го третманот на секои 5–7 дена додека грипките не исчезнат целосно.

За побрзо решение, Карпентер препорачува:

  • Отсечете ги заразените листови (внимателно ако растението е мало).
  • Ставете ги во замрзнувачка кеса и фрлете ги.
  • Секогаш дезинфицирајте ги ножиците со алкохол после сечење.

Како да спречите враќање?

„Најчестата грешка е прекин на третманот пред време,“ вели Сонс.
„Јајцата се изведуваат за неколку дена – затоа е потребна упорност.“

Долгорочна превенција:

  • Редовна проверка: Прегледувајте ги растенијата неделно. Побарајте промени во бојата, мрежа или слаби листови.
  • Добар квалитет на воздух: Бубачките сакаат сув, застојан воздух. Користете мал вентилатор.
  • Изолација на нови растенија: Држете ги одвоени барем еден месец.
  • Чистење на листови: Бришете ги со влажна крпа. По потреба, исплакнете ги растенијата со млака вода месечно.
  • Менување позиција: Не ги држете растенијата секогаш на исто, топло и сончево место – грини го обожуваат тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни