Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевски Конгрес“

Смилево станува центар на културата во земјава

лавниот дел од манифестацијата почнува денес во 19 часот со Поворката на Мајовци „Напред во минатото“, на мостот на влезот од селото. Следува отворање на фестивалот со дефиле од мостот до Куќата на Даме Груев, на чело со зурлите и тапаните на Мајовци, заедно со публиката. Следува настапот на Hot jazz orkestar – акустичен концерт на традиционална џез-музика од почетокот на 20 век, која се карактеризира со брзо темпо и емотивни импровизации на кларинет и гитара

Со положување на венец на гробот на Даме Груев вчера попладне во 18 часот во демирхисарското селото Смилево започна Манифестацијата „Смилевски конгрес 2025“. Во 19 часот во Кооперација на сретсело се содржа трибината „Значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст.“ Учествуваат Ристо Грујовски, претседател на Здружение на граѓани „Дамјан Груев“ од Битол, д-р Роберто, историчар кој зборуваше за дигитализација како перспектива за проучување на ликот и делото на Дамјан Груев и Васко Гичевски, дипломиран историчар кој се осврна на темата заселото и селанството како упоришта на револуцијата и идентитетот.

Главниот дел од манифестацијата почнува денес во 19 часот со Поворката на Мајовци „Напред во минатото“, на мостот на влезот од селото. Следува отворање на фестивалот со дефиле од мостот до Куќата на Даме Груев, на чело со зурлите и тапаните на Мајовци, заедно со публиката. Следува настапот на Hot jazz orkestar – акустичен концерт на традиционална џез-музика од почетокот на 20 век, која се карактеризира со брзо темпо и емотивни импровизации на кларинет и гитара.

Во Куќата на Даме Груев во 20 часот ќе се одржи мултимедијална инсталација на уметничката трупа „Трета сликарска лабораторија“ на катедрата по применета и ликовна уметност при универзитетот на Западна Македонија, Лерин, Грција и колективот за визуелни уметности Buff, заедно со нашиот познат фотограф Сашо Алушевски. Настанот ќе биде проследен со симболичен коктел. Заради состојбата на градбата, влезот во Куќата на Даме Груев ќе биде дозволен контролирано, само по двајца посетители во исто време.

Во 21.30 часот Поворката на Мајовци ќе стигне на главната бина „Сретсело“, каде во 22 часот Зарина Првасевда ќе одржи концерт на традиционална музика во современи аранжмани. Вечерта ќе продолжи со DJ Sokin – перформер и диџеј од Лерин, кој се фокусира на создавање уникатни сонични искуства, оформувајќи специфична звучна слика на секој перформанс.

Програмата продолжува во сабота во 19 часот со концерт на Дејан Марковски – битолчанец, патувач и уличен изведувач низ земјите во Европа, кој моментално работи и на свој проект „Дејание“ – авторски материјал кој ги избегнува можните авторски жанрови. Во 21 часот на главната бина „Сретсело“ ќе настапи Bitvox – хор од Битола, составен од околу 25 ентузијасти под диригентство на Марина Коруновска, кои изведуваат светски познати поп-рок хитови во нивни автентични аранжмани. Терминот во 22 часот е за групата „Фолтин“ која има интернационална 29-годишна кариера и настапува со автентична авторска музика. Манифестацијата завршува со концерт на диџеј Constantine – мултимедијален артист од островот Парос во Грција. Работи на аудиовизулени проекти, изведувачки уметности и инсталации, комбинирајќи аналогни и дигитални медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни