Смеј се и осмели се! Педесет и деветти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ повторно во Прилеп од 6 до 13 јуни 2025 година.
,,Оваа година, со фокус на смеата и храброста, носиме свежи перспективи и смели ставови! Да се создава театар значи да се има став, да се има мислење! Со идејата „Смеј се и осмели се!“ отвораме нови форми на дијалог за театарот што сакаме да го гледаме Претстави со став, разговори без цензура – ова е смелоста што ја славиме!” велат организаторите.
Прилеп како град театар повторно станува центар на театарската магија!„Смеј се и осмели“ се значи да се биде храбар театарски уметник и храбар театарски посетител.