Ова гостување е дел од програмата „Денови на независниот театар“, која оваа година опфаќа осум независни продукции од регионот, вклучувајќи претстави од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Продукцијата на независниот театарски колектив „Театар Вортекс“, со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, нуди сценско истражување на човечките искуства во свет обликуван од хиерархии и борба за моќ. Преку комбинација на гротеска и реалност, „Слугинки“ ја прикажува борбата на индивидуата да пронајде смисла и да се смее на сопствената стварност, и покрај општествените ограничувања.
Во актерската екипа се Марија Цветановска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска, кои преку динамична игра ја доловуваат тензијата помеѓу личните желби и општествените очекувања. Сценските движења се дело на Александра Вељкович, додека сценографијата, костимите и музиката ги потпишува Теодора Силјаноска. Визуелниот идентитет, вклучувајќи ја фотографијата и дизајнот на плакатот, е дело на Михаил Велески.
„Денови на независниот театар“ нуди можност за афирмација на иновативни театарски продукции, а „Слугинки“ е еден од претставниците на македонската независна сцена, носејќи свеж пристап и нова перспектива на регионалната театарска сцена.