Случајот Епстајн се проширува: истрага опфаќа француски дипломат и банка поврзана со Rothschild

Француската истрага за случајот Епстајн се проширува на дипломат и банка Rothschild, по сомнежи за корупција и откриени документи со доверлива комуникација.

Француските истражни органи извршиле претрес во канцелариите на банката Edmond de Rothschild во Париз, во рамки на поширока истрага поврзана со случајот на Џефри Епстајн.

Во фокусот на истрагата е францускиот дипломат Фабрис Аидан, чие име се појавува во повеќе од 200 документи објавени од Министерство за правда на САД. Меѓу нив има и електронски пораки кои наводно биле испраќани до Џефри Епстајн во периодот од 2010 до 2016 година.

Според дел од документите, до кои дојде Reuters, Аидан наводно споделувал доверливи материјали, вклучувајќи извештаи од брифинзи на Совет за безбедност на Обединетите нации. Тој ги негира сите обвинувања.

Истовремено, претресот во банката бил извршен со присуство на Аријан де Ротшилд, раководителка на банката Edmond de Rothschild. Банката соопшти дека целосно соработува со истражните органи.

Истражителите ја разгледуваат можноста за пасивна корупција на странски јавен службеник и соучесништво во кривично дело, додека истрагата ја водат специјализирани единици за финансиски криминал во Франција.

Швајцарскиот регулатор FINMA изјави дека ги следи сите релевантни информации и презема проверки кога постои сомнеж за неправилности.

Името на Аријан де Ротшилд се појавува и во документи објавени од Министерство за правда на САД, кои укажуваат на нејзина лична комуникација со Џефри Епстајн пред неговото апсење во 2019 година.

Од банката наведуваат дека Епстајн бил деловен познаник, но дека раководството немало сознанија за неговите незаконски активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни