Француската полиција случајно пронашла биста на Џим Морисон, украдена во 1988 година од гробиштата Пер-Лашез во Париз, каде што се наоѓа вечното почивалиште на легендарниот американски пејач.
Импресивната скулптура на фронтменот на групата Дорс, создадена од хрватскиот уметник Младен Микулин, била украдена од париски гробишта пред 37 години, јавува BFM TV.
Замислена како почит кон Морисон, скулптурата од мермер е изрезбана по неговата смрт, од страна на хрватскиот уметник Младен Микулин.
Статуата беше поставена на неговиот гроб на париските гробишта Пер Лашез во 1981 година, 10 години откако пејачот почина во француската престолнина на 27-годишна возраст.
Во 1991 година, на 20-годишнината од смртта на пејачот, на неговиот гроб избувнаа немири, објави Би-Би-Си, поради што гробиштата беа принудени да ангажираат дополнително обезбедување.