Словенија одобри нацртан план за ограничување на пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години

Во изработката на предлогот ќе бидат вклучени и експерти од дигиталната индустрија, како и Министерството за дигитална трансформација. Нивните мислења и анализи ќе претходат на носењето какви било конкретни законски решенија, објави словенечката новинска агенција СТА.

Словенечката влада одобри рамка за идно законско решение со кое би се ограничила употребата на социјалните медиуми од страна на деца помлади од 15 години. Станува збор за нацртан план кој претставува почетна фаза во процесот на регулација, а конечните мерки допрва ќе се дефинираат.

Иницијативата потекнува од Министерството за образование, информираше вицепремиерот Матеј Арчон, додавајќи дека во изработката на предлогот ќе бидат вклучени и експерти од дигиталната индустрија, како и Министерството за дигитална трансформација. Нивните мислења и анализи ќе претходат на носењето какви било конкретни законски решенија, објави словенечката новинска агенција СТА.

Арчон истакна дека одлуката е донесена по примерот на други држави кои веќе започнаа со воведување ограничувања за користење социјални мрежи од страна на малолетници.

„Во светот и во Европа ова прашање е една од најактуелните теми во последните месеци. Со овој чекор, како влада, испраќаме јасна порака дека се грижиме за заштитата и благосостојбата на децата“, изјави Арчон, посочувајќи дека во фокусот на можната регулација се платформи како TikTok и Snapchat.

Како пример, тој ја наведе Австралија, која во декември стана првата земја во светот што воведе целосна забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 16 години. По тој чекор, слични најави за рестрикции пристигнаа и од Франција, Данска и Грција, што укажува на растечки европски и глобален тренд во оваа област.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни