Словенија ќе ги признава возачките дозволи од Македонија, Србија и регионот без повторно полагање

„Словенија го усвои законот што овозможува лесна замена на возачки дозволи од земјите од регионот без повторно полагање и со помалку административни пречки.“

Словенија ја усвои долгоочекуваната измена на Законот за возачи, со која ќе се овозможи признавање на возачките дозволи издадени во земјите од регионот – без повторно полагање на практичниот дел од возачкиот испит. Амандманите беа изгласани во Народното собрание со 43 гласа „за“ и 25 „против“.

Новината се однесува на граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, кои по пријавување престој во Словенија ќе можат во рок од една година да поднесат барање за замена на нивната дозвола со словенечка. Единствен дополнителен услов е доставување доказ за физичка и ментална способност за управување со возило.

Измените го отстрануваат долгогодишниот парадокс, како што објасни Сандра Газинковски од владејачката партија „Движење Слобода“ – дека возачите од овие земји со месеци смеат легално да возат во Словенија, но не можат да ја заменат дозволата без посебни тестови, за разлика од возачи од ЕУ или земји како Австрија и Германија.

Според Газинковски, ова не претставува привилегија, туку корекција на неоправдана нееднаквост што со години создава административни пречки, трошоци и доцнење во процесите на вработување.

Опозициските партии SDS и NSi гласаа против измените, но законот сега ја изедначува процедурата со онаа што Словенија веќе ја применува кон дел од земјите надвор од ЕУ, со што се поедноставува и забрзува административниот процес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни