Словенија испраќа двајца офицери на воена вежба на Гренланд

Словенија ќе учествува со двајца офицери на меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“ на Гренланд, под водство на Данска, за зајакнување на регионалната безбедност и НАТО колективната одбрана.

Владата на Словенија донесе одлука за учество на двајца офицери од Словенечката армија во планирањето и реализацијата на меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“, која се одржува под водство на Данска, со цел зајакнување на регионалната безбедност.

Како што беше соопштено, вежбата треба да се одржи на Гренланд, додека конечната одлука за точниот термин ќе се донесе во фазата на планирање, пренесува Радио-телевизија Словенија.

Во образложението на одлуката на владата се наведува дека Гренланд, како дел од Арктикот, во стратешкиот концепт на НАТО е препознаен како област од стратешко значење, каде Русија, според нивните тврдења, може да ги попречува сојузничките сили и слободното пловење, поради што претставува дел од колективната одбрана на Алијансата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни