Словенија со закон забрани величање на фашизмот и нацизмот, казни од 500 до 1.000 евра

Предвидените казни за прекршителите се од 500 до 1.000 евра

Словенија донесе закон кој забранува величање на нацизмот и фашизмот. Законот се однесува на историски држави, организации и групи поврзани со тие идеологии, вклучувајќи ја Независната Држава Хрватска и Усташите. Предвидените казни за прекршителите се од 500 до 1.000 евра.

Законот го дополни постојниот Закон за јавен ред и мир и воведува забрана за користење симболи поврзани со нацизмот и фашизмот, како што се застави, ознаки, песни и униформи, како и однесување кое, со користење на тие симболи, вознемирува други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни