Словенија од денес полноправна членка на Европската вселенска агенција

Програмите на оваа организација се фокусирани на собирање информации за Земјата, нејзиното вселенско опкружување, Сончевиот систем, како и развојот на сателитски технологии и услуги, со промоција на европската индустрија. Агенцијата исто така блиско соработува со вселенски организации надвор од Европа

Словенија од денес е полноправна членка на Европската вселенска агенција (ESA), меѓувладината организација која има за цел да обезбеди и промовира соработка меѓу европските држави на полето на истражување на вселената за мирољубиви цели.

Програмите на оваа организација се фокусирани на собирање информации за Земјата, нејзиното вселенско опкружување, Сончевиот систем, како и развојот на сателитски технологии и услуги, со промоција на европската индустрија. Агенцијата исто така блиско соработува со вселенски организации надвор од Европа.

ESA е основана во 1975 година, а на почетокот имала 10 држави-членки. Со влезот на Словенија, оваа организација сега има 23 членки, од кои три се држави надвор од Европската унија (Норвешка, Швајцарија и Велика Британија), додека Канада е придружена членка.

Словенија со оваа организација соработува од 2009 година, а седум години подоцна стана придружена членка.

Барањето за полноправно членство Словенија го поднесе во ноември 2023 година на самитот во Севиља.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни