Словенија на второ место во светот по број на трансплантации на срце на милион жители

„Трансплантацијата на 500 срца е можно само во земја во која солидарноста е една од главните вредности,“ изјави директорот на УКЦ Љубљана, Марко Југ.


Во Словенија минатата година биле извршени 26 трансплантации на срце, додека вкупниот број на трансплантации бил речиси 500, со што веќе 16 години по ред се наоѓа меѓу водечките земји во светот според бројот на трансплантации на срце на милион жители, соопшти денес Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана.

Како што беше соопштено на прес-конференција, во Словенија минатата година биле извршени 12,4 трансплантации на срце на милион жители, што ја рангира земјата на второ место во светот, веднаш по САД, пренесува STA.

„Трансплантацијата на 500 срца е можно само во земја во која солидарноста е една од главните вредности,“ изјави директорот на УКЦ Љубљана, Марко Југ.

Раководителот на Трансплантацискиот центар, Иван Кнежевиќ, изјави дека само во програмата за трансплантација на срце учествуваат 150 медицински стручњаци, додавајќи дека во секое време тим од шест луѓе мора да биде во состојба на готовност.

Тој додаде дека во последните 16 години, Словенија 12 пати го имала најголемиот број на трансплантации на срце на милион жители.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни