Словенечкиот премиер одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека поради ризикот од подкопување на меѓународниот поредок на ОН, Словенија не ќе учествува во Трамповиот „Оdbор за мир“.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денес изјави дека сѐ уште не е време Словенија да се приклучи на т.н. „Одбор за мир“ кој го води американскиот претседател Доналд Трамп. Основниот елемент што го загрижува е дека мандатот на одборот е премногу широк и може опасно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на ОН.

„Меѓународниот поредок, во кој Обединетите нации играа централна улога, ѝ служеше на Словенија, цела Европа и пошироко, така што децении живеевме во мир“, истакна премиерот.

„Ризикот од разградување на поредокот на Обединетите нации е она што навистина најмногу загрижува“, додаде тој, истакнувајќи дека во поширок контекст „таков одбор ја надминува, од една страна, надлежноста што би произлегла од резолуцијата на Советот за безбедност, а од друга страна, надминува и она што би го посакале како суверена држава.“

Тој додаде дека Словенија би прифатила соработка во рамки на потесен мандат кој би регулирал постконфликтна обнова на Газа и можеби Западниот брег. Голоб исто така најави дека нема да присуствува на потпишувањето на основачката повелба на одборот во Давос утре, но ќе се сретне вечерта во Брисел со лидерите на другите членки на ЕУ.

„Гренланд припаѓа на Гренланѓаните“

Како што рече, ќе побара единство и решителност од сите европски земји за да дадат заеднички одговор во кој правото на територијален интегритет, суверенитет и непроменливост на границите, вклучувајќи го и Гренланд, ќе биде на прво место.

Според зборовите на Голоб, Словенија со испраќањето на два офицери на Гренланд исто така испраќа порака дека го брани основното начело на територијален интегритет и неповредливост на границите. „За Словенија не постои друг начин освен да го поддржи суверенитетот и територијалниот интегритет“, истакна, повторувајќи дека Гренланд припаѓа на Гренланѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни