Брисел, 18 ноември 2025 година – Ромската фондација за Европа изразува длабока загриженост по усвојувањето на таканаречениот „Шутар закон“ од страна на навионалното собрание на Словенија. Словенија направи нешто што Европа ретко признава дека се случува во рамките на Унијата: донесе закон со кој целото малцинство се третира како безбедносна закана. Дозволувајќи влез без налози по домовите, проширени овластувања за надзор и и ангажирате на војската во домашното полициско работење, законодавството означува длабока промена во начинот на кој една земја-членка на ЕУ ја дефинира безбедноста во сопствените граници.
„Овој закон претвора цели населби во безбедносни зони, а нивните жители во безбедносни категории“, рече Менсур Халити, потпретседател на Фондацијата Рома за Европа и основач на фондацијата Роми за Демократија. „Го намалува политичкиот трошок од таргетирањето на оние кои веќе се исклучени од слободно и фер политичко учество за политичка добивка.“
Мерките беа изготвени во помалку од две недели по убиството на Алеш Шутар во Ново Место, во атмосфера обележана со морална паника, распоредувања на полицијата и протести оформени околу идеја за „ромска криминалност“. Она што владата го опишува како привремен одговор, всушност, е политички маневар што ќе го промени однесувањето на државите, пресметките на партиите и очекувањата на европските соседи. „Ова е вид на промена што не изгледа драматично првиот ден, но ги менува правилата на играта“, рече Халити.
Закони како овој не го намалуваат ризикот – тие го зголемуваат. Тие ја продлабочуваат дистанцата меѓу заедниците, ја загреваат политичката атмосфера и создаваат услови каде што една гласина, навреда или уличен инцидент може да ескалира непропорционално. Со рацизација на безбедноста и милитаризација на полициското работење, Словенија ја намали политичката цена на репресијата низ целата Унија.
Последиците ќе се почувствуваат многу подалеку од Словенија. Кога стабилна земја-членка на ЕУ третира малцинство како безбедносна закана, секоја кревка влада во регионот добива една порака: овие алатки не се нелиберални – тие се европски. И откако ќе се увезат, тие ретко остануваат ограничени на оние што веќе се исклучени од слободно и фер политичко учество. Тие се шират кон мигранти, демонстранти, новинари и секој што е непријатен за владејачката партија.

Законот, исто така, отвора сериозни уставни и европски прашања, предизвикувајќи заштита поврзана со приватноста, неприкодновеноста на домот, податоците и комуникациите, судски заштитни мерки и ограничувањата за домашна употреба на војската. На ниво на ЕУ, тој се допира до основните гаранции според Повелбата за основните права на ЕУ и Европската конвенција за човекови права.
Халити потенцира дека одлуката на Словенија сега го тестира кредибилитетот на ЕУ.
„Унија која дозволува стравот да стане политика дома, не може да им држи предавања на своите соседи за демократијата и владеењето на правото“, рече тој. „Ако Европа не може да ги заштити своите стандарди внатрешно, не може веродостојно да ги бара истите надвор.“
Влијанието на ЕУ не зависи од воената сила, туку од легитимитетот – од тврдењето дека европските вредности се опипливи и применливи. Таа логика се урива во моментот кога Унијата толерира земја-членка да ја претвори несигурноста во политика, а целото малцинство во полициски експеримент. Континент кој не е во можност да ги заштити оние кои се најмногу изложени на дискриминација, не може веродостојно да тврди дека ја брани демократијата надвор. Европа што го нормализира стравот дома ризикува да ја изгуби единствената форма на моќ што некогаш навистина ја имала.
Законот Шутар не е словенечка приказна. Тоа е европско предупредување – покажувајќи колку брзо стравот може да стане закон, колку лесно една група може да стане безбедносна категорија и како мала земја може да создаде преседан доволно голем за да го преобликува целиот европски проект.
Роми за демократија
