Од утрово се активни седум пожари на отворен простор од 27 евидентирани на територијата на државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени три пожари, а 17 се изгаснати.
Во справување на пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема.
Активни се пожарите на планината Голем Готен и Малешевските планини, во прилепското село Бешишки Рид, со крак кон село Градежница во Новаци и крак кон границата со Грција.
Гори и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, и во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци.
Во Македонски Брод меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа. Во Македонска Каменица во селото Ќосевица. Во Чашка во селото Ореше и во кичевското село Горно Црско.
Под контрола се пожарите во селото Грешница во Македонски Брос, во селата Драгоево и Селце во Општина Штип и во карбинското село Јунизлија.
Под контрола се пожарите во с. Грешница во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде што гори шума.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.