Словенечки ансамбл вечерва на Охридско лето

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот ќе настапи камерниот ансамбл Camerata Academica од Словенија. Ансамблот го сочинуваат: Каролина Шантл-Жупан – флејта, Матеј Шарц – обоа, Јоже Котар – кларинет, Зоран Митев – фагот, Јоже Рошер – хорна и Миха Рогина – саксофон. На програмата се дела од Б. Хеиден, С. Ливрински, Л. Јаначек, М. Ејшен, С. Кравос, Д. Шуплевски и Т. Скаловски.

Camerata Academica го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката академија во Љубљана, а воедно и солисти на оркестарот на Словенечката филхармонија. Создаден е во 2020 година за да се промовира класата на дрвени дувачи на Музичката академија. Составот е од променлив карактер во зависност од програмските определби и потреби на репертоарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни