Закон против „брзи пешаци“
Новото ограничување, кое ќе стапи во сила на 1 јануари 2026 година, важи за сите кои се движат по тротоар пешаци, велосипедисти, како и возачи на тротинети и електрични тротинети. Целта, според властите, е намалување на бројот на судири меѓу пешаци и корисници на електрични возила.
„Главната цел е зголемување на безбедноста на тротоарите, имајќи го предвид растечкиот број инциденти со електрични тротинети,“ изјави пратеникот Љубомир Вашни од владејачката партија Смер, на премиерот Роберт Фицо.
Просечната брзина на пешачење изнесува четири до пет километри на час, но новиот закон поставува горна граница на шест. За споредба, според Британската фондација за срце, темпо од 6,4 km/h се смета за умерено кај лица во добра физичка кондиција што значи дека во Словачка наскоро и брзото одење би можело да се смета за прекршок.
Критики и подбив
Мерката предизвика лавина реакции. Опозициските партии ја оценија како апсурдна, а дури и Министерството за внатрешни работи на Словачка предупреди дека подобро решение би било забрана за електрични тротинети на тротоари, наместо општо ограничување за сите.
Пратеникот Мартин Пекар од либералната партија Прогресивна Словачка изјави:
„Проблемот не се пешаците, туку автомобилите. Ако сакаме помалку судири, потребни се повеќе безбедни велосипедски патеки, а не физички невозможни ограничувања.“
Пекар додаде дека со вакво ограничување „велоcипедистите едвај ќе можат да ја одржат рамнотежата“.
Сатирични реакции на социјалните мрежи
Новата регулатива стана предмет на шеги и мемиња на социјалните мрежи. Корисниците се прашуваат дали ќе бидат казнети ако потрчаат по автобус или ако забрзаат за да избегнат дожд.
Иако сè уште не е јасно како ќе се спроведува законот и кој ќе ја мери брзината на пешаците, словачките власти тврдат дека промената е потребна за подобра контрола и „објективно утврдување на одговорноста“ во случај на судари.
Како што иронично заклучува еден коментатор:
„Во Словачка сега не само автомобилите, туку и луѓето ќе мораат да возат по ограничување.“
Извор: N1info.rs
 
				 
				 
								 
								 
								 
								