Словачка контра ковид вакцините

Фицо, во објава на социјалните мрежи, се повика на извештај кој наводно потврдува присуство на абнормални нивоа на ДНК и други супстанци во ковид вакцините што се користат во Словачка, а кои, според него, производителите наводно ги сокриле, пренесе агенцијата TASR.

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека не сака во земјата да се користат сомнителни вакцини против ковид и дека има намера да ги информира нивните добавувачи дека нема да им бидат исплатени дополнителни средства. Владата, како што додаде, е подготвена да преземе правни чекори доколку биде потребно.

Фицо, во објава на социјалните мрежи, се повика на извештај кој наводно потврдува присуство на абнормални нивоа на ДНК и други супстанци во ковид вакцините што се користат во Словачка, а кои, според него, производителите наводно ги сокриле, пренесе агенцијата TASR.

„Полномошникот на Владата за истрага за управувањето со ковид-пандемијата, Петер Котлар, врши корисна работа. Тој провоцира на здрав начин и изнесува факти кои тешко се побиваат. Затоа сметам дека треба веднаш да ги известиме добавувачите на сомнителните вакцини дека нема да добијат ни цент од нас и дека сме подготвени да поведеме тужба против нив. Котлар ќе има целосна поддршка“, изјави Фицо.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни