На 14 април во 20 часот во Дом на култура – Гевгелија ќе биде отворена изложата на фотографии на Стефани Брламова, под наслов „Тишина во сликите“. Изложбата е поддржана од Europe House Strumica.
„Фотографиите на Стефани се нежни сведоштва за спокојот, но и за тивките празнини што ги носиме во себе. Преку објективот, таа ја доловува емоцијата што зборува – без зборови. Изложбата има хуманитарен карактер и е посветена на сите семејства и поединци погодени од трагедијата што се случи на 16.03.2025 во Кочани. Средствата од продажбата на фотографиите ќе бидат донирани за нивна поддршка“ велат организаторите.