Слики од зад камерата на снимањето на „Goodfellas“ кои го направија славен фотографот Бери Вечер

Бери Вечер, еминентен кинематографски фотограф од Њујорк, Мартин Скорсезе го ангажирал да работи на сетот на неговото гангстерско ремек-дело, Goodfellas.

Вечер ја започна својата кариера како кинематографски фотограф во 1981 година и набрзина изградил возвишен статус како човек кој се занимава со кадри од зад сцената и уметност за промоција на филмови на источниот брег. Во еден од раните успеси во неговата кариера, Вечер си обезбеди работа на снимањето на филмот на Скорсезе од 1985 година, After Hours. Само неколку години подоцна, Скорсезе ќе побара од Вечер да му се придружи на тимот кој работи на сетот Goodfellas во Квинс, Њујорк.

Блокбастерот од висок профил ќе стане вистински класик на ноар гангстерскиот жанр, честопати натпреварувајќи се во анкетите со франшизата „Кум“ на Френсис Форд Копола. Додека камерите снимаа, Вечер се држел блиску до акцијата за да фати уникатни кадри од актерската екипа и екипата која работи на филмот.

Покрај неговите акциони кадри кои го прикажуваат сетот, Вечер направил и неколку профилни снимки од актерската екипа, вклучувајќи ги холивудските херои Роберт де Ниро, Џо Пеши и великанот Реј Лиота. Некои од овие кадри биле користени во промотивната кампања на филмот и во пакувањето на видео и ДВД.

Во 2021 година, три децении по средбата со Лиота на сетот на Goodfellas, Вечер повторно се соединил со актерот на сетот за приквел-филмот на Алан Тејлор The Sopranos, The Many Saints Of Newark. Вечер претходно работел со Тејлор на оригиналната серија, која се емитуваше помеѓу 1999 и 2007 година.

По работата Goodfellas со која се проби, Вечер продолжи да работи со луѓе како Оливер Стоун, Стивен Содерберг и Роберт Редфорд на импресивна листа од истакнати наслови, вклучувајќи ги I Am Legend, The Devil Wears Prada, Creed, Ocean’s 8 и Die Hard.

Како крем на својата кариера, Вечер се искачи на самиот врв и сега е потпретседател на SMPSP (Друштво на филмски фотографи) и национален потпретседател на Меѓународното здружение на кинематографери. Тој, исто така, е одликуван со награда за животно дело од SOC (Здружение на оператори со камера) и со престижната награда „Excellence in Motion Picture Still Photography“ од Здружението на публицисти.

Извор: Far Out

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни