Серијата Хари Потер ќе има сосема нова актерска екипа, но ќе остане посветена на оригиналните книги, со што волшебничките авантури ќе се доближат до новата публика.
Leavesden се наоѓа во Ватфорд, северно од Лондон, а во тамошните студија е снимен хит филмот Барби 2023 година.
Ворнер Брос е продуцентската куќа зад оригиналните филмови, во кои главните улоги ги толкуваат Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт.
Новата серија, базирана на книгите на Џеј Кеј Роулинг е најавена уште во 2023 година и според креаторите ќе биде верна адаптација на оригиналниот материјал.
Серијата ќе има нова актерска екипа, но и повеќе фантастични детали од филмовите, со цел обожавателите повторно да се вљубат во приказните за Хари Потер.
„Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и овие неверојатни авантури пред нова публика низ целиот свет, додека оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на франшизата и достапни за гледање низ целиот свет“ велат од продукцијата.
По повикот за актери, објавен во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, а тимот прегледува и до 1.000 ленти дневно, според HBO.
Актерската екипа на омилените ликови, вклучувајќи ги Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер – ќе биде објавена подоцна.