Следната недела почнува 19. издание на Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција” 2025

Фестивалот се одржува на јавни простори без наплата на средства и е проект од национално значење за културата

Идната недела од 16 -19 Јули во Битола го ќе се одржи 19. издание на Балканскот етно-фјужн фестивал  „Локум фест-музика и традиција” 2025 .

Локум фест е автентичен културен фестивал кој во континуитет се случува од 2007-та година кога го имаше своето прво поставување во срцето на старата битолска чаршија со настап на „Баклава” „Калдрама”, „Стринг форсес” „Монистра”… Од тога до денес настапиле над 110 групи , и тоа најрелевантните од Македонија како: Монистра, Баклава, Љубојна, Чалгија саудн систем, Сваровски бенд, Јаков дренковски, Тони Китановски и Черкези, Влатко Стефановски трио , Стевче Стојковски, Даутовски дуо,  Вања Лазарова, Зарина прва севда и др.,  и огромен број на етно и етно фјужн бендови од Данска, Норвешка, Финска, Индија, САД, Бразил, Унгарија, Полска и сите балкански земји итн. 

Уште од самиот почеток фестивалот има јасна програмска одредница која континуирано ја следи до денес, а се базира на презентација на традиционални , пред се градски фоклорни изведби и ансамбли, но и стилизиран фоклор до etno-fusion & word music, како и презентирање на раритети од семејните архиви на битолчани како дел од заедничкото култуно наследство и промовирање на културно историски локации и објекти како сценски простор, што годинава е и слоган на фестивалот. „Наследството како сцена”.

Инспирацијата за Локум фест доаѓа од живото културно наследство на некогашна конзулска Битола, која  била важен воено-економски центар и цивилизациска крстосница, дом на бројни етноси и амалгам на култури, каде се вкрстувале византиската, ориенталната , сефардската и европската култура. Сето тоа резултираше со неверојатно богатство на музички влијанија, обичаи, архитектура и др. Локум фест е фестивал кој повикува на средба, помеѓу културите и еден дух. Истовремено е атрактивен за туристи од земјата и странство и веќе со години промовира културен туризам као дел од локалната и национална туристичка понуда. Локум фест е член на Most music, Without borders, EFFA, и други регионални и европски фестивалски асоцијации. 

За прв пат паралелно со Битола, Локум фест се случува и во Скопје. Во соработка со Public room  на 18.07.2025 Г. таму ќе настапат грчката група Reggetiko project и русите VEDAN KOLOD, под мотото „Однадвор кон центарот”. Ова е редок пример на културна дисперзија од крајниот југозапад на државата кон центарот и ги најавува амбициите за следната година кога се одбележува 20 години Локум фест, а фестивалот ќе се дисперзира на неколку автентични локации во Македонија и регионот.

Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори без наплата на средства и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2025.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни