Американскиот Конгрес, во време на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, донесе одлука според која компанијата ByteDance мора или да ја продаде платформата TikTok, или да престане да работи во САД. Сега, милијардерот од Вајоминг, Рид Разнер, нуди 47,45 милијарди долари за оваа социјална мрежа, пренесуваат американските медиуми.
Како што се приближува рокот за решавање на статусот на платформата TikTok, личноста која моментално нуди најмногу пари за да ја купи, е голем пријател на претседателот Доналд Трамп, кој сака да ја револуционизира социјалната медиумска сцена и трговијата со податоците на корисниците, пренесува Just the News.
Понудата на Разнер за TikTok ја засенува дури и купувањето на мрежата Twitter, која Илон Маск ја купи за 44 милијарди долари.
Извор: ТАЊУГ