Реј Џеј за новиот документарец на ТМЗ изјави дека неколку познати личности им понудиле пари на обвинетите за да молчат бидејќи се плашат дека жртвите би можеле да дознаат дека и тие присуствувале на злогласните забави на Диди.
„Слушам за уметници кои им плаќаат на жртвите за да ги сокријат нивните имиња. Некој ви плаќа за да ја преќутите вистината и се надевате дека парите што ќе ги добиете ќе ве направат среќни додека гледате како другите продолжуваат да лажат“, рече 43-годишниот музичар во документарецот „ТМЗ го претставува падот на Диди“.
Тој беше прашан дали жртвите дошле кај познатите со цел да ги уценуваат, но тој откри дека всушност ѕвездите ги барале жртвите пред да одат да сведочат и да ги откријат деталите.
„Беше поинаку и се засноваше на принципот: ‘Ќе ти дадам пари, те молам само не зборувај’“, рече Реј Џ.
Наводно, поединци му пристапиле да им помогнат, бидејќи е близок со Паф Диди. Тој посочи дека некои стравуваат дека тој би можел да ги открие имињата.
Инаку, во новата судска постапка, американските обвинители тврдат дека Шон Комбс, алијас Паф Диди, користел различни незаконски методи за да го опструира судскиот процес и да влијае на сведоците додека бил во притвор.
Тој, наводно, користел телефонски броеви на најмалку осум лица во затвор за да оствари контакти и преку посредници плаќал затвореници и на тој начин се обидел да влијае на текот на истрагата.
За потсетување, Паф Диди беше уапсен на 17 септември во Њујорк и оттогаш е во притвор, каде ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.
Паф Диди се соочува со повеќе од 120 обвиненија за сексуален напад, трговија со дрога и луѓе.