Слависти од Унгарија ја посетија Македонија

Професорот д-р Иштван Лукач и лекторот по македонски јазик Златко Панзов остварија работна посета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Тие се сретнаа со деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Владимир Мартиновски на која разговараа за состојбите на нашите факултети, состојбата на славистиката во Унгарија и Македонија и договорија конкретни чекори за подобрување на соработката преку проекти и заедничка соработка.

Лукач се сретна и со директорката на Институтот за македонска литература, проф. д-р Наташа Аврамовска со која разговараа за продолжување на веќе воспоставената соработка и договорија конкретни чекори за продлабочување преку организирање на конференции и заеднички проекти Гостинот од Унгарија одржа предавање на Институтот, со наслов Nove alternative u rješavanju starih književnoznanstvenih problema – teorije mreže (N. Zrinski i P. Zrinski – M. Krleža i E. Ady), кое предизвика огромен интерес кај присутните македонски книжевни научници.

Работната посета во Македонија заврши со состанок со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Кристина Николовска, на кој професорот Лукач ги претстави плановите на Институтот за славистика и балтичка филологија за развој на македонистиката, односно подигнување на нивото на изучување на македонскиот јазик во таканаречен минор. Николовска изрази искрена благодарност и вети поддршка и нејзина целосна заложба во остварување на плановите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни