Славица Купенкова на Стрип фестивал во Сомбор, Србија

На покана на клубот на љубители на стрипови од Сомбор, меѓу гостите  на традиционалниот „9- ти интернационален фестивал на стрип и фантастика“ е поканета и Славица Купенкова од Скопје. Фестивалот ќе се одржи од 17 до 19 мај во просториите на Унгарското граѓанско казино.

Славица се занимава со цртање стрипови од 2021 година и за тој кус период има освоено повеќе признанија меѓу кои наградата на 18-тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2021“ за најдобар дебитантски стрип за стрипот „Училишни авантури на Јан“ каде се јавува како целосен автор – карикатурист по свое сценарио. Во 2022 година таа е една од финалистите на Меѓународниот натпревар на историски стрипови „Може за Балкан“, кој се одржа во периодот од март до јули 2022 година и е добитник на едно од петте специјални признанија доделени од меѓународното жири за стрипот „Одисеја“.

Во 2022 година е цртач на наменски стрип на каталог на стрипови како дел од грантот – „За нашите соседи и пријател“ –преку РОМАЛИТИКО Скопје финансиран од страна на УСАИД. Како дел од истиот проект член е на жири комисијата по повод конкурсот за ученици -објавен од Стрип Центарот на Македонија – Велес.

Таа е најдиректно вклучена во Македонскиот стрип центар, како  дел од организациониот тим , но и во групацијата на стрип автори којашто редовно го пропагира македонскиот стрип на разни конкурси и фестивали во Балканот и пошироко. Стриповите ги црта под сценарија на велешанецот Ѓоре Гелев.

.

Најново

Последни колумни