Славен Билиќ во игра за нов селектор на Македонија?

Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ е главен кандидат за да ја преземе македонската фудбалска репрезентација.

Според информации од ФФМ, во тек се интензивни разговори со искусниот стратег, а проценките се дека шансите тој да седне на селекторската клупа се многу големи.

Билиќ, кој остави силен печат на клупата на Хрватска, има богато меѓународно тренерско искуство. Во својата кариера ги предводеше Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич, Вотфорд и други клубови, стекнувајќи репутација на стручен и харизматичен тренер со респектабилни резултати.

Иако Билиќ е прв избор на раководството, не се исклучуваат и други опции. Во комбинација се уште две имиња: актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, како и српскиот стручњак Марко Николиќ, кој моментално го води АЕК Атина.

ФФМ очекува да донесе конечна одлука во најскоро време, со цел новиот селектор навреме да го започне подготовителниот циклус за претстојните квалификации.

Извор: Експрес.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни