Лошите навики во исхраната, особено прекумерното внесување шеќер, може долгорочно да ја нарушат оваа рамнотежа, да ги стимулираат воспалителните процеси и да го ослабат имунитетот. Иако повременото слатко уживање не е проблем, редовното консумирање на одредени видови слатка храна може да има штетно влијание врз варењето и целокупното здравје.
Диетичарката Дана Елис Ханес и нутриционистката Мишел Сари посебно предупредуваат на два вида слатки за кои тврдат дека гарантираат лошо здравје на цревата.
- Слатки печива
Многу слатки печива, како што се кроасани и мафини, содржат големи количини на додадени шеќери. Покрај тоа, тие се сиромашни со клучни хранливи материи како што се витамини, минерали и антиоксиданси. Јадењето појадок кој не содржи храна богата со хранливи материи може да предизвика нерамнотежа во дигестивниот систем и да ја наруши метаболичката функција.
Сари дава предлози за поздрави алтернативи кои нема да предизвикаат скокови на шеќерот во крвта, да доведат до отпорност на инсулин или негативно да влијаат на варењето.
„Слатките колачи се полни со маснотии и шеќер, ниту еден од нив не е добар за вашето здравје. Наместо да одите во кафуле за пециво, потрудете се да имате нешто подготвено дома наутро“, изјави таа за SheFinds.
- Овошни бонбони
Иако повремената шака бонбони не е проблем, редовното консумирање овошни бонбони може негативно да влијае на варењето и да предизвика непријатни симптоми. Ханес наведува дека бонбоните се најлошиот вид закуска за здравјето.
Овошните бонбони често содржат вештачки бои и големи количини шеќер.
Ханес предупредува дека прекумерното внесување на вакви слатки „го зголемува производството на инсулин и може да го оптоварува целото тело, што доведува до воспаление“. Ова, се разбира, може да предизвика и надуеност, како и несакано зголемување на телесната тежина бидејќи „шеќерот го стимулира лачењето на инсулин, кој помага да се складира вишокот шеќер и калории како маснотии“.
Како што веќе споменавме, повремено уживањето во омилените задоволства нема сериозно да го загрози вашето здравје. Сепак, усвојувањето здрави навики е клучно за одржување на балансиран дигестивен систем.