Слаткаристика не потсети на убавите времиња со објавата на концертот од 2012 година

На официјалниот Јутуб канал, Слаткаристика попладнево сподели легендарен концерт од 2012 година – момент замрзнат во времето, кога музиката не само што се слушаше, туку се чувствуваше.

Концертот, кој се одржа на 2-ри ноември во новоизолираната акустична сала на С.Ц. „Борис Трајковски“, сега повторно дише, сведочејќи за една ера исполнета со ритам, емоции и автентичен урбан звук.

Објавата на видеото е еден вид уметнички времеплов – подарoк за долгогодишните фанови и лекција за новите генерации. Во времето кога арената штотуку доби акустика според светски стандарди, тимот на Слаткаристика одлучи тој момент да го овековечи со спектакл поддржан со техника од Македонија и сценска опрема од Нови Сад.

На сцената се појавија многу познати имиња: групата Пеперминт и членовите на Токсикологија (Кацар, Сиги, Аце НЛ, Џоле и Желе), а со Слаткаристика рамо до рамо стоеја и Тони Зен, ДЈ Гоце (САФ), ДЈ Никифор, ДЈ Чваре, како и маестралниот џез-музичар Георги Шарески – сè со цел да се создаде фузија од стилови, генерации и енергии.

Но, зад сценските светла се криеше и една посилна порака – концертот беше со хуманитарен карактер. Дел од средствата од продажбата на билетите беа наменети за манастирот „Св. Јован Бигорски“, а беа отворени и телефонски линии за донации за децата без родители од домот „11 Октомври“.

Денес, кога времето изгледа побрзо и посурово, оваа објава е потсетник дека постоеја мигови кога музиката беше мост, а сцената – светилиште.

Во самата објава на видеото, со фановите е споделен и музичкиот репертоар:

00:00 – Intro

00:10 – Milion

 05:13 – Moeto Maalo

 07:36 – Idiot

11:33 – Znam Kako e (ft. Dj Goce)

 15:11 – Bum Bam

17:54 – Sakash da si Faca 2

21:05 – Shoping

24:16 – In

27:00 – Olabavi me

29:51 – Razgovor so Sovesta

35:01 – Klasika

 39:39 – Srekja

 43:19 – Da Poletam

 47:18 – Nervoza (ft. Zhele)

50:05 – Sara (ft. Nina)

55:09 – Za Tebe

57:17 – Me Boli K*r (ft. Georgi Shareski)

1:01:43 – Bidi Zelen

1:04:03 – Spushti se Dole (ft. Toni Zen)

 1:07:56 – Extra Extra

1:11:16 – FM

1:15:21 – Top (House Remix)

1:19:39 – Tonight (ft. Nikifor)

1:23:20 – Olabavi me

Погледнете го концертот тука:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни