Во постот, Слаткаристика се потсетува на летото 2005 година, кога заедно со DJ Che останале во Скопје да снимаат песни на имровизирана опрема, додека нивните другари се одмарале во Охрид.
„Обратете внимание на стaлката за микрофон…постоље од скршен вентилатор и шипка од скршена метла. Немаме вентилатор да нѐ лади, немаме пари да идеме на одмор, но имавме нова песна и уште една, уште една и уште една“ пишува Слаткар.
Денес, речиси две децении подоцна, Слаткаристика продолжува со истата енергија и ентузијазам.
„Не знам точно колку песни имам направено досега, но знам дека сѐ уште снимам со истиот интензитет и сѐ уште сум возбуден ко мало дете кога идам накај студио.,“ напиша тој, објавувајќи ја датата за новиот албум со симболична доза на хумор: „BTW, оваа година во јули се мислам дали да идам на Малдиви или на Бахами“.
Фановите веќе со нетрпение ја очекуваат новата музика од Слаткаристика, кој со оваа објава не само што најавува албум, туку и инспирира дека страста, трудот и вербата во себе секогаш наоѓаат пат — од скршен вентилатор до светски дестинации.