Раперот Слаткаристика на социјалните мрежи објави дека снимил нова песна заедно со Тони Зен по 14 години.
Песната која се вика „Милион лета“ се очекува да биде објавена на 29 август оваа година, а Слаткаристика најавува дека таа е сериозна и зрела.
Во март годинава, Слаткаристика одржа три последователни концерти во Скопје по повод 15 години од неговиот прв албум, кои беа распродадени.