Автор на музиката е Слаткаристика, додека текстот е дело и на двајцата пејачи. Спотот за песната е снимен на Охридското Езеро, а режијата е дело на Крсте Шупев, продукцијата на 20two.studio.
Активното враќање на музиката Слаткаристика го најави на почетокот на годината. Тој во март одржа три последователни концерти во Скопје по повод 15 години од неговиот прв албум, кои беа распродадени.