Search

Слаткар со модро око: Повреда од тепачка или тизер за нова песна?

Познатиот македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика на Инстаграм сподели видео на кое е со модро око.

Видеото за кратко време ја освои социјалната мрежа, предизвикувајќи лавина реакции и коментари.

Во кусото видео Слаткар не дава многу детали за тоа како се нашол во таква ситуација. Но се чини дека е во добра здравствена состојба, а на ваков креативен начин создаде тизер за нова песна или сепак не?

Деталите ги најавува за точно определено време и датум.

Најново

Последни колумни