Прекумерната телесна маст може да остави долготрајни последици врз мозокот и другите органи. Кинески научници тврдат дека ризикот за влошување на здравјето на мозокот може да зависи од местото каде се складира маста во телото.
Како се спроведе истражувањето
Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Ксуџоу анализирале илјадници MRI снимки од британската здравствена база на податоци. Со користење на статистичка анализа на латентни профили (LPA), учесниците биле поделени во шест групи според распределбата на телесната маст, а потоа нивните мозочни снимки биле споредени со резултатите од когнитивни тестови.
Резултатите покажале дека сите пет групи со различна распределба на масти имале помал обем на мозокот и помалку сива маса, дури и оние со помалку телесна маст од просечната.
Нови профили на маст
Кинеските научници идентификувале два нови профила на распределба на масти- масти околу панкреасот и „Skinny-fat“ – густо складирање на маст околу одредени органи, иако индикаторот BMI е просечен.
Овие профили се поврзани со најголем ризик од намалување на сивата маса, лезии на белата маса, забрзано стареење на мозокот и когнитивен пад. Тие исто така го зголемуваат ризикот од невролошки болести како анксиозност, епилепсија, мултипла склероза и мозочен удар.
Полови разлики
Врската помеѓу забрзано стареење на мозокот е поизразена кај мажите, додека ризикот од епилепсија е поврзан со панкреасот кај жените.
Доколку овие профили се потврдат во следните истражувања, тоа може да послужи како рано предупредување за висок ризик од когнитивен пад. Така, луѓето би можеле навреме да го променат својот начин на живот или да започнат со лекови за заштита на мозокот.
„Здравјето на мозокот не зависи само од количината телесна маст, туку и од тоа каде се таложи“, заклучуваат кинеските истражувачи.