„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на студентите од Flu Skopje , која ќе биде отворена денес. 

Во прва фаза, на Факултетот за ликовни уметности – ФЛУ, Скопје, се одржа едномесечна работилница под менторство на д-р Натали Рајчиновска Павлеска и дел од студентите по предметот Историја и теорија на ликовната уметност од сите четири студиски години.

Проектот опфатил документирање, собирање и архивирање на податоци, анализа на пишани материјали, толкување на ликовни дела од фундусот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Преку овој процес студентите стекнале практични вештини на претставување на ликовните дела создадени од неколку македонски автори, вклучително и компаративна анализа со опфат на историскиот контекст на настанување на репликите кои се наоѓаат во аулата и коридорите на Филолошкиот и Филозофскиот факултет.

Изготвената студија „Скриени дела и спомени – откривање” изработена од д-р Натали Рајчиновска-Павлеска, како процес на мапирање и евалуација, има за цел да ја подигне свеста кај релевантните институции за зачувување на делата оставени на временската корозија.

Самиот настан, „Скриени дела и спомени – откривање” е интерпретација на делата која ќе ја водат студентите од ФЛУ Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни