Платформите што создаваат deepfake видеа станаа вирални, овозможувајќи појавување на лажни сцени со познати личности и историски фигури — па дури и со починати личности, во непријатни или навредливи контексти. Семејствата на некои од нив, како на д-р Мартин Лутер Кинг, веќе апелираа до технолошките компании да ги забранат ваквите злоупотреби.
Но, според д-р Кевин Грекш од Универзитетот во Оксфорд, постои уште еден, често занемарен аспект: влијанието врз животната средина. „Овие видеа не се создаваат на вашиот телефон. Тие се процесираат во огромни дата-центри, кои можат да бидат на другиот крај на светот – и тоа троши огромни количини електрична енергија и вода,“ предупредува тој.
Грекш објаснува дека дата-центрите користат огромни количества свежа вода за ладење на серверите кои работат непрекинато на индустриско ниво. Со милиони нови видеа кои секојдневно се генерираат и споделуваат на социјалните мрежи, овие ресурси се под сè поголем притисок.
Само во првите пет дена од октомври, апликацијата Sora е преземена повеќе од еден милион пати, а сè уште е на врвот на Apple App Store во САД.
„Треба да бидеме свесни што користиме, колку често го користиме и по која цена,“ изјави Грекш. Тој додаде дека владата го смета јуѓен Оксфордшир како нова зона за развој на AI индустријата, но предупреди дека никој не размислува „од каде ќе дојде водата за ладење на серверите“.
„Мачката е веќе пуштена од ќесата кога станува збор за вештачката интелигенција,“ заклучи тој, „но мораме да размислуваме поинтегрирано – за тоа каде ги поставуваме дата-центрите и како ги одржуваме.“
Извор:BBC