Скоро 20.000 цивилни објекти во Иран се оштетени од нападите

Меѓу 19.734 оштетени објекти од воздушните напади има и болници, училишта и аеродроми
Foto: Profimedia

Речиси 20.000 цивилни објекти низ Иран се оштетени од почетокот на нападите на САД и Израел врз земјата, соопшти иранската Црвена полумесечина,  пренесува Ал Џезира .

Тие рекоа дека меѓу 19.734 оштетени објекти има болници и училишта, како и 16 објекти на Иранската црвена полумесечина.

Меѓу оштетените објекти се 77 медицински центри и 65 образовни институции.

Нападите на САД и Израел врз Иран се одвиваат 12 дена.

Досега иранските власти пријавиле смрт на над 1.200 граѓани, меѓу нив и стотици девојчиња од основното училиште кое беше нападнато уште во првиот ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни