Скоро 15 милиони луѓе во Турција гласаа на симболичните предизбори за изборна номинација на Екрем Имамоглу

„Десетици милиони Турци кои страдаат од угнетувањето на властите, уништената економија, неспособноста и беззаконието гласаа на примарните избори на оваа партија. Ќе дојде и тој гласачки избирач и народот ќе му даде незаборавен шлаканд на актуелната власт“, порача Имамоглу.
epaselect epa11986057 A protester attached a flower on the shield of a policeman during a march to Taksim Square from the Istanbul Municipality headquarters during a protest against the detention of Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu in Istanbul, Turkey, 24 March 2025. Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu of the Republican People's Party (CHP) was jailed and dismissed by the Turkish Ministry of Interior on 23 March on corruption charges following his detention on March 19 along with 100 others. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Политичката криза во Турција се продлабочува. Илјадници граѓани со денови протестираат на улиците на градовите ширум земјата поради апсењето на Екрем Имамоглу, сега веќе поранешниот градоначалник на Истанбул и главниот политички ривал на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Истовремено, опозициската партија на Имамоглу, Републиканската народна партија, го номинираше за кандидат на изборите за претседател. Новиот претседател на државата ќе биде избран во 2028 година.


Лидерот на партијата, Озгур Озел, изјави дека скоро 15 милиони луѓе гласаа на симболичните предизбори за избор на претседнички кандидат на оваа партија. Говорејќи на митинг во Истанбул, Озел истакна дека околу 1,6 милиони гласови дошле од членови на партијата, додека останатите биле знак на солидарност. Тој додаде дека резултатите покажуваат дека предвремените избори се неизбежни. Партијата на својот официјален профил на „Икс“ објави фотографија на Екрем Имамоглу со опис: „Нашиот кандидат за претседател“.

Градоначалникот на Истанбул, инаку обвинет за корупција, му се заблагодари од затвор, испраќајќи порака преку адвокатот дека е среќен поради рекордната излезност, додавајќи дека резултатите покажуваат дека луѓето му кажале доволно на Ердоган. Имамоглу ги негираше сите обвиненија, истакнувајќи дека се политички мотивирани.

„Десетици милиони Турци кои страдаат од угнетувањето на властите, уништената економија, неспособноста и беззаконието гласаа на примарните избори на оваа партија.

,,Ќе дојде и тој гласачки избирач и народот ќе му даде незаборавен шлаканд на актуелната власт“, порача Имамоглу.

На протестите во Истанбул минатата недела дојде до интензивни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Безбедносните сили употребија солзавец и гумени куршуми против граѓаните. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Џерликаж, изјави дека вкупно 1.133 лица се приведени од почетокот на протестите во Турција минатата недела.

Екрем Имамоглу, важи за еден од најпопуларните политичари во земјата. Турскиот аналитичар од Советот за надворешни работи, Стивен А. Кук, изјави за Би-Би-Си дека по апсењето на Имамоглу му порасна поддршката меѓу гласачите и дека на улиците се врши проверка на моќта на претседателот Ердоган.

Ердоган претходно ги осуди протестите и ја обвини Републиканската народна партија дека се обидува да „разметне мирот и да го поларизира народот“.

„Тероризирањето на нашите улици и заканите за мирот и безбедноста на нашата нација апсолутно нема да се толерираат. Протестите во последните пет дена го злоупотребија правото на демонстрации. Овие акции имаат за цел да го нарушат мирот и безбедноста на нашиот народ. Нека никој не се обидува да ја искористи нашата младост и народ како заштита за своите политички амбиции“, порача на социјалните мрежи.

И покрај големата поддршка од својата партија, се отвора прашањето дали Имамоглу формално ќе може да биде претседнички кандидат. Неговата судбина е во моментов неизвесна бидејќи се наоѓа во затвор, каде ќе остане до судењето. Покрај тоа, Универзитетот во Истанбул му ја поништил дипломата поради „нерегуларности“, што исто така му го отежнува патот до номинацијата, бидејќи, според турскиот Устав, претседателските кандидати мора да бидат високо образовани. Адвокатите на Имамоглу изјавија дека ќе се жалат на одлуката за одземање на неговата диплома до Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права. Врховниот изборен совет ќе одлучи дали Имамоглу е квалификуван да биде кандидат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни