Скопје добива Градски воз

До крајот на 2025 година Скопје ќе ја добие првата линија на Градски воз – од Зелениково преку Драчево, Аеродром и Кисела Вода до Железничката станица. Градежните работи за овој прв сегмент стартуваат на есен, а тендерот за реконструкција наскоро ќе биде објавен, соопшти МЖ Инфраструктура.

Проектот, вреден 50 милиони евра, ќе се реализира во три фази и ќе биде финансиран од државниот буџет преку Министерството за транспорт. Целта е побрз, поекономичен и поеколошки јавен превоз кој ќе го олесни движењето на граѓаните.

Паралелно, продолжува и изградбата на железничката инфраструктура кон Бугарија и модернизацијата на Коридорот 10, со цел зголемување на брзината и ефикасноста на возниот сообраќај во земјава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни