СКОПСКО продолжува – на македонските планини

СКОПСКО повикува да преземеме одговорност и покажува низ пример како се прави тоа. Платформата „Наша гордост, наша одговрност“ ја продолжува мисијата за заштита на природните богатства, овој пат насочена кон заштитата на Шар планина и Водно.

Од Беласица до Шара и од Осоговските планини до Јабланица, Македонија е доминантно планинска земја. Нашите високи убавици заземаат речиси 90% од територијата на земјата и се наше вистинско богатство, наша вистинска гордост.

Нашите планини, нашите бели дробови, низ целата наша историја планините ни давале прибежиште, нè хранеле, ни го чувале здравјето и ведриот дух. Така и денес, масовно ги посетуваме кога имаме потреба да се тргнеме од градскиот метеж, кога нашите гради имаат потреба од чист планински воздух, кога нашите очи имаат потреба да се одморат во бескрајното зеленило на нашите гори.

Но, не им враќаме со иста мерка на планините. Сè повеќе се чини дека ја занемаруваме нашата одговорност кон нив. Станува вообичаено и редовна појава нашите планини да се местото каде најнеодговорно се одложува цврст отпад. Во нашите планини се создаваат цели депонии кои зборуваат за нашата негрижа и неодговорност кон нашите планини и кон генерациите кои доаѓаат по нас.

СКОПСКО повикува да преземеме одговорност и покажува низ пример како се прави тоа. Платформата „Наша гордост, наша одговрност“ ја продолжува мисијата за заштита на природните богатства, овој пат насочена кон заштитата на Шар планина и Водно.

„Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај“ – изјавуваат од СКОПСКО и најавуваат инвестиции во отстранување на цврст отпад од ВОдно и Шара како и постваување на урбана опрема која ќе овозможи одржливо уживање на постетителите на планините и нивно зачувување за идните генерации.

СКОПСКО издвојуваат по еден денар од секое СКОПСКО и СКОПСКО смут во стаклена амбалажа за нашите планини и и повикуваатзаедно се грижиме за нив. Зашто, како што велат од СКОПСКО: планините се наша гордост, но и наша одговорност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни